Како изгледа Mercedes-Maybach S-Class S680 дизајниран од Вирџил Абло?

Mercedes-Maybach S-Class, што го дизајнираше покојниот моден дизајнер Вирџил Абло, ја виде светлината на денот.

Во декември минатата година, Mercedes-Maybach го привлече вниманието со својот концепт Project Maybach, дизајниран од познатиот дизајнер Вирџил Абло. За жал, Абло почина во ноември 2021 година, но неговото наследство и експертиза ќе живеат засекогаш благодарение на новиот модел на Mercedes-Maybach S680.

Автомобилот е кулминација на соработката помеѓу умерениот извршен директор на Louis Vuitton и луксузниот германски автомобилски бренд, а за разлика од концептот Project Maybach, кој беше изложбен автомобил со екстравагантен дизајн, новиот Maybach дизајниран од Вирџил Абло е сериски модел. Се базира на Maybach S-Class S680 (2023).

Модниот гуру, исто така, се здружи со Горден Вагенер, шеф за дизајн во Mercedes-Benz, за да го дизајнира луксузниот седан, а автомобилот беше завршен во 2021 година пред смртта на Абло во ноември. Проектот беше материјализиран од тимот задолжен за производство и модификации во одделот Mercedes-Benz Manufaktur во Синделфинген.

Екстериерот на Maybach S-Class by Virgil Abloh е украсен со двобојна шема, беж е главната боја, додека контрастот е црвениот покрив, хаубата, багажникот и столбовите.

Луксузната лимузина ги доби и познатите 20-инчни бандажи на Maybach во беж нијанса што можеби се чини како чудна идеја, но изгледаат навистина одлично. Истата комбинација на бои беше забележана и на концептот Project Maybach.

Ентериерот ја следи истата шема, па со беж кожа се тапацирани седиштата, панелите на вратите, потпирачите за раце и долниот дел од контролната табла. Од централниот екран нагоре, речиси сè е покриено со црна кожа. Екранот на централната конзола сега има персонализиран кориснички интерфејс кој е полуксузна варијација на системот MBUX.

Maybach S680 го придвижува 6,0-литарски V12 мотор кој развива 604 КС, а седанот забрзува од 0 до 100 km/h за 4,5 секунди пред да достигне максимална електронски ограничена брзина од 250 km/h.

Производството на овој специјален модел е ограничено на 150 примероци.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Авто новости

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Read more

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Read more

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more
 

Автомобили

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Читај повеќе

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе