Како изгледаше заводливата Романка Мадалина пред пластичните операции?

За Мадалина Генеа велат дека е најубавата Романка на сите времиња, но сега се потврдени приказните дека на почетокот на кариерата изгледала сосема поинаку и дека со операции го довела својот изглед до совршенство.

Кога би ги прашале луѓето која според нив е најубавата Европејка, повеќето едногласно би рекле - Мадалина Генеа. Заводливата Романка ги остава сите без здив каде и да се појави, особено на црвениот килим, каде редовно импресионира со смелите модни избори кои во преден план ги истакнуваат нејзините облини.

Меѓутоа, како што обично се случува кога станува збор за убавите жени, веднаш започнуваат приказни за нивниот изглед, односно дали е подарок на природата или естетски хирург, а Мадалина не е исклучок.

Во текот на сите овие години имаше многу полемики за нејзините операции, а интересно е што на мрежите не можеа да се најдат многу фотографии од раната младост, кога беше на почетокот на кариерата.

Поради ова, уште погласни беа приказните дека нејзиниот изглед е исклучиво резултат на интервенции, а тоа на некој начин го докажуваат и старите фотографии кои се појавија на мрежите, иако нема сомнеж дека Мадалина и тогаш била убава девојка.

Имено, иако денес ја краси полна уста, мал нос и истакнати јаболчници, како и речиси совршени пропорции на телото, не е тајна дека Мадалина во минатото изгледала поинаку.

Кога ќе се споредат фотографиите од порано и сега, јасно е дека и таа „рафинирала“ одредени делови од кои не била задоволна, како и дека тренингот секако си го направил своето.

Италијанските медиуми пишуваа и дека убавата Романка дополнително го стеснила врвот на носот, ги усовршила јагодиците, ги затегнала очите, како и дека вградила силикон во градите, а кога ќе ги споредите фотографиите, јасно е дека можеби во сите овие шпекулации има вистина.

Да потсетиме, кариерата на Мадалина започна кога имаше само 15 години, кога беше откриена од италијански дизајнер. Благодарение на нејзината убавина и талент, таа учествуваше во бројни модни кампањи и ревии, но не секогаш изгледаше вака. Многумина ја критикуваа дека направила пластични операции, но една од најпосакуваните жени на светот благодарение на тоа шармираше многу познати мажи.

Пред неколку години по неа полуде и холивудскиот заводник Џерард Батлер, но нивната врска не успеа, како и онаа со Леонардо Дикаприо. Таа беше во врска и со дизајнерот Филип Плејна, а ја освои богатиот трговец со уметнички дела Вито Шанабел, но се чини дека тоа беше само „излет“, бидејќи поранешното момче на Хајди Клум подоцна беше видено со Ирина Шајк, иако ниту еден од нив некогаш ја потврдија врската и покрај тоа што неодамна беа видени заедно во Њујорк.

Мадалина е и горда мајка на девојче кое го имала од неуспешната врска со романскиот бизнисмен Метев Стратан. Наводно, проблемите со бившиот партнер започнале со раѓањето на нивното дете, а ги предизвикала убавицата која постојано му се жалела на партнерот, поради што постојано се карале. Извори блиски до парот открија дека направил сè за да ја спаси нивната врска, но не успеал.

Таа се занимаваше со балет седум години, поради што беше избрана да учествува во италијанската верзија на Танц со ѕвездите, а се појави и во спотот на пејачот Ерос Рамацоти.

Мадалина откри дека и до ден денес е несигурна во својот изглед, а од нејзините фотографии може да се забележи дека се секира без причина.

Генеа се обиде да заплови и во актерските води, а поради изгледот многумина ја нарекуваат новата Софија Лорен, а дури се пишуваше и дека направила операција за да личи на познатата актерка.

Погледнете како изгледаше пред операциите:

URL
URL
URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе