На објавените фотографии се гледа предниот дел на новиот автомобил Peugeot 308.
Aктуелниот модел 308 кој во 2014 година беше прогласен за Европски автомобил на годината, ќе го замени новиот модел кој се очекува со нетрпение.
Објавени се нови фотографии кои го откриваат изгледот на овој автомобил.
Новиот Peugeot 308 ќе го позајми дизајнерскиот јазик на најновата генерација на моделот на овој произведувач, вклучувајќи ја и маската за ладилникот и карактеристичните дневни ЛЕД светла.
Наскоро се очекува и премиерата на новиот Peugeot 308, a најверојатно ќе биде понудена хибридна, како и plug-in хибридна верзија.
Најмоќниот модел ќе развива околу 300 коњски сили.
Читајте следно: Peugeot го смени „лавчето“ – дали ви се допаѓа?