Sony Xperia 5 II ќе биде претставен на 17 септември.
Во склад со актуелната стратегија на Sony, Xperia 5 има 6,1-инчен FULL HD+ HDR OLED екран со формат 21:9 и со фреквенција на освежување од 120 Hz.
Направени се и подобрувања на камерите – сите 3 камери(главна, ултраширока и телефото камера) имаат 12 MP.
Уредот користи Snapdragon Qualcomm 865 процесор, има 8 GB RAM, 128 GB интерна меморија и батерија од 4.000 mAh.