Како загадениот воздух се одразува на здравјето?

Ситните штетни честички во воздухот предизвикани од аерозагадувањето предизвикуваат поголема штета по човечкото здравје отколку што се мислеше досега.

Зголемен ризик од аутизам

Бремените жени кои живеат во области со висока концентрација на смог имаат два пати поголем ризик да родат дете со аутизам, покажа едно најново истражување спроведено во САД. Ова не треба да биде причина за алармирање, имајќи превид дека уште не се знае како точно загаденоста во водухот влијае врз развојот на мозокот на фетусот. Сепак, според резултатите од истражувањето, поврзаноста меѓу оваа состојба и загаденоста била најсилна кога изложеноста на загадувањето била во третото тромесечје од бременоста, а колку поголема била изложеноста, толку поголем бил и ризикот.

Оштетување на белите дробови и срцето

Според едно најново истражување на Универзитетот Дјук, изложеноста на загаден водух во градовите го поништува позитивниот ефект од вежбањето кај луѓе постари од 60 години. Исто така, краткорочната изложеност на висок ниво на аерозагаденост го поништува позитивниот ефект на срцето и белите дробови од двочасовна прошетка во природа. Во истражувањето биле опфатени 119 испитаници со добра здравствена состојба, стабилно хронично белодробно заболување или стабилна срцева болест. Испитаниците поминувале по два часа преку ден во прошетка во Хајд Парк каде е релативно тивко и чисто, и по прометна улица во Лондон каде загадувањето е повисоко од препорачаната долна граница на СЗО. Им биле мерени капацитетот на белите дробови, крвниот притисок, протокот на крв и состојбата на крвните садови, пред и по прошетката.

Оние кои се шетале во паркот поминале подобро во првиот час: имале подобар капацитет на белите дробови и ефектот траел повеќе од 24 часа подоцна во голем број од случаите. Оние кои шетале по улица не само што имале мало подобрување од самата физичка активност, туку и немале позитивен ефект подоцна.

Намалена плодност кај мажите

Најновите истражувања покажуваат дека загадениот воздух влијае врз намалување на квалитетот на спермата. Тим истражувачи од Кинескиот универзитет во Хонгконг ја анализирале спермата на 6.475 мажи на возраст од 15 до 49 години и откриле дека мажите кои живееле во области со загаден воздух имаат помали и абнормално оформени сперматозоиди. Овие испитаници имале повеќе сперма во количество во споредба со оние кои не биле изложени на загаден водух, но со помал квалитет.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе