Како загадувањето на воздухот влијае врз здравјето на луѓето?

Аерозагадувањето претставува концентрација на штетни материи над границата на толеранција и директно го оштетува и го влошува здравјето на луѓето. Загадувањето посебно е изразено во котлините.

Големо истражување спроведено во Велика Британија пронајде поврзаност меѓу високото загадување на воздухот и зголемениот број на сенилна макуларна дегенерација. Загадениот воздух влијае на сите органи на телото, но посебно на очите.

Научниците претходно открија поврзаност меѓу загадениот воздух и глаукомот, а во истите истражување се претпоставуваше дека загадениот воздух може да се поврзе и со катаракта. Предупредуваат дека поради големиот проток на крв очите се многу чувствителни на штетните честичк во воздухот што го дишеме. Потоа, истите тие циркулираат низ нашиот организам.

Ова е прво истражување кое пронајде врска меѓу загадениот воздух и сенилната макуларна дегенерација. Со истражувањето се докажа дека дури и слабото загадување на воздухот го зголемува ризикот од дегенерација за 8%, додека повисокото загадување за дури 12%.

Сенилната макуларна дегенерација е главна причина за влошување на видот кај луѓето постари од 50 години.

Загадениот воздух влијае на целиот организам

Светската здравствена организација претходно наведе дека 90% од светската популација живее во подрачја со загаден воздух. Едно светско истражување покажа дека загадениот воздух влијае на сите органи на телото.

Намалена плодност кај мажите

Најновите истражувања покажаа дека загадениот воздух влијае на намалување на квалитетот на спермата. Тим истражувачи од Кинескиот универзитет во Хонгконг ја анализирале спермата на 6.475 мажи на возраст од 15 до 49 години и откриле дека мажите кои живееле во области со загаден воздух имаат помали и неправилно оформени сперматозоиди.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе