Какви промени ќе донесе Венгеровото правило во фудбалот?

Поранешниот тренер на Арсенал и актуелен шеф на глобалниот фудбалски развој на ФИФА, Арсен Венгер, го посочи офсајдот како главен проблем со ВАР и смета дека ситуацијата мора да се подобри.

Тој веќе некое време зборува за ова, а сега ФИФА е блиску до воведување голема промена во играта.

„Луѓето најмногу го критикуваат ВАР поради правилото за офсајд. Имавме офсајди доделени поради дел од сантиметар или буквално поради носот. Мораме брзо да ја промениме ситуацијата. Има простор за промена на правилата. Не можеме да земеме предвид дека дел од носот на играчот е во недозволена положба, па играчот да е во недозволена позиција бидејќи може да постигне гол со нос“, рече Венгер и додаде:

„Мој предлог е играчот да не е во офсајд доколку некој дел од неговото тело со кој може да постигне гол е во линија со последниот играч од противничката одбрана, дури и ако остатокот од телото на напаѓачот е пред одбранбениот играч“.

URL

ФИФА е подготвена да ја прифати идејата. Играчот ќе биде во дозволена ситуација ако е макар и со мал дел од телото зад последниот дефанзивец во фазата на напад. Имплементацијата на новото правило ќе има пробен период. Прво ќе се применува на натпреварите пониските лиги во Шведска, а потоа и во Холандија и Италија.

Венгер се надеваше дека идејата што ја предложи во 2021 година ќе оживее порано и ќе се примени веќе на натпреварите на Светското првенство во Катар, но сега е сè поблиску до тоа да ја види својата идеја на дело.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе