СЕРИЈА А 2021/22

Капело: Има една разлика меѓу Конте и Инѕаги, Интер и натаму е фаворит

Фабио Капело смета дека Интер и натаму е главен фаворит за Скудетото, но гледа една разлика помеѓу сегашниот тренер Симоне Инѕаги и поранешниот Антонио Конте.

Во разговор со најтиражниот италијански дневен весник La Gazzetta dello Sport славниот статег зборуваше за Интер по големиот кикс во средата кога во заостанатиот натпревар на гости кај Болоња загуби и испушти колосална шанса да го преземе врвот.

„Тие остануваат главни фаворити, барем гледајќи го распоредот на натпревари. Сакам да ја видам нивната реакција. Се вратија посилни по победата на Јувентус, ајде сега да видиме што ќе направат“, вели Капело.

„Го поддржувам Инѕаги, недовербата кон него е поради една голманска глупост. Болоња покажа голема посветеност, но Интер 90 минути напаѓаше. Болоња имаше шут и пол на голот и го доби натпреварот“, смета тој за киксот на „Нераѕурите“.

URL

Не само „полесниот“ распоред во последните 4 кола, туку Капело смета дека Интер и натаму е прв фаворит за Скудетото и поради тоа што игра најдобар фудбал во Серија А.

„Интер игра добар фудбал, често гледам како играат пресинг во нападот. Имаат различни фази; понекогаш се бранат, понекогаш напаѓаат со многу играчи. Имаат најмногу постигнати голови и најмалку примени“, додава.

Летоска Интер го промени тренерот откако Антониот Конте замина во Тотенхем, па го ангажираше Симоен Инѕаги кој го предводеше Лацио. Капело гледа една разлика помеѓу Интер на Конте и Интер на Инѕаги, а тоа е страната по која тимот напаѓа.

„Тимот е речиси ист како и под Конте, освен Лукаку и Хакими, двајца клучни играчи кои на нападот му даваа темпо и длабочина. Инѕаги мораше да менува. Конте своите напади ги фокусираше на десната страна со Хакими и Николо Барела, додека Интер сезонава најдобро игра лево со Хакан Чалханолу и Иван Перишиќ“, објаснува 75-годишниот експерт кој од 2018 е во тренерска пензија.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе