Кардиолог открива суптилен знак за срцев удар кој не смееме да го игнорираме

Срцевото здравје треба да ни биде приоритет. Повеќето од нас се трудат да водат здрав начин на живот, но секогаш има простор за подобрување.

Различни фактори може значително да влијаат на состојбата на нашето срцево здравје, вклучувајќи ги навиките во исхраната, физичката активност и присуството на нездрави навики како што се консумирање алкохол и пушење.

Срцев удар се јавува кога протокот на крв во срцето е блокиран. Болката во левата рака и градите се добро познати симптоми на срцев удар, но експерт открил дека постои еден суптилен симптом кој често останува незабележан.

Кардиологот д-р Шон Хефрон вели дека гадењето може да биде сигнал за срцев удар, иако ретко се појавува како единствен симптом. Така, кога чувствуваме непријатност во стомакот, нема потреба од паника бидејќи најчесто тоа е предизвикано од помалку сериозни проблеми како труење со храна, грип и слично.

Но, ако се појави гадење заедно со други симптоми, како што се отежнато дишење, забрзано чукање на срцето, болка во градите или болка што се шири на други делови од телото, како што се вилицата или грбот, тоа може да биде причина за загриженост.

„Исто така, симптомите во желудникот може да зависат од тоа кој крвен сад во срцето е засегнат“, објасни тој.

Иако гадење и повраќање за време на срцев удар се невообичаени, особено кај жените, мажите имаат поголема веројатност да имаат киселини, болки во грбот или болки кои потсетуваат на отежнато варење.

Важно е да ги препознаеме различните симптоми за да бидеме свесни за потребата од медицинска помош и да се грижиме за здравјето на нашето срце.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе