ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2021

Катарски принц со неверојатна најава: Роналдо доаѓа во ПСЖ

Ал-Тани, член на катарското кралско семејство во чија сопственост е ПСЖ, објави монтирана фотографија со која навидум најави нов неверојатен трансфер.

Продолжува мистеријата околу наводниот трансфер на Кристијано Роналдо во Пари Сен-Жермен. И покрај негирањата кои доаѓаат од торинскиот клуб, поточно од спортскиот директор Павел Недвед и тренерот Масимилијано Алегри, сепак иднината на Португалецот и натаму е обвиена во мистерија.

ПСЖ летово во тимот ги донесе Лео Меси, Серхио Рамос, Ашраф Хакими, Џиџи Донарума и Џорџињо Вајналдум и направи ѕвезден тим бидејќи во своите ренови веќе ги имаше Нејмар, Килјан Мбапе, Марко Верати, Мауро Икарди и Анхел Ди Мариа. Тим во кој единствено фали Роналдо...

Денеска шокантна објава дојде од катарскиот принц Халифа бин Хамад Ал-Тани, еден од сопствениците на клубот. Објави фотографија на која во дрес на ПСЖ еден покрај друг се претставени Меси и Роналдо. Нормално, се работи за монтажа, но Ал-Тани слично направи и кога го најави трансферот на Меси, нешто кое подоцна навистина се оствари.

„Можеби?“, напиша Ал-Тани покрај сликата на Twitter и тоа на шпански, англиски и француски.

URL

Ако ништо друго, Ал-Тани со твитот го размрда фудбалкиот свет и сите ги натера и натаму да зборуваат за ПСЖ.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе