ФОРМУЛА 1 2023

Хаас подготви специјален изглед на болидите за домашната трка во САД

Ф1
Ф.З.
/ 17.10.2023 / 12:17

Хаас е единствениот американски тим во Формула 1, а во пресрет на трката на домашен терен подготви посебен изглед за своите два болида.

Станува збор за уникатна боја што ќе ги краси болидите на Хаас за време на претстојниот тркачки викенд во Остин, Тексас.

Досега сезонава Мекларен се издвојуваше со нови верзии, вклучувајќи Triple Crown за Монако и Шпанија, Chrome за Силверстоун и Stealth Mode за Сингапур, Ред Бул Рејсинг изгледаше поинаку за трката во Мајами, а се очекуваат уште две нови верзии за Остин и Лас Вегас.

Ферари и Алфа Ромео изгледаа поинаку од вообичаеното во Монца, како и Вилијамс со својата Gulf верзија во Сингапур, Јапонија и Катар.

Болидите на Хаас се украсени со големи ѕвезди и пруги, но дизајнерите се фокусираа на крилата, носот и лизгачките плочи на предното крило. Натписот „We The People“ произлегува од Уставот на САД.

Хаас подготви и специјални комбинезони за своите возачи Нико Хилкенберг и Кевин Магнусен.

Покрај новиот изглед, Хаас во Остин доаѓа со нов пакет подобрувања и се надева дека тоа ќе биде адут во битката за седмото место.

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе