НБА 2023/2024

Хардавеј и Дончиќ го средија Вашингтон, дербито на Истокот за Бостон

Деветта сезонска победа за Далас Маверикс откако славеше на гости во американската престолнина кај Вашингтон Визардс благодарение на расположениот Тим Хардавеј и дабл-дабл учинокот на Лука Дончиќ. Битката за лидерското место на Истокот ја доби Бостон Селтикс откако победи кај Филаделфија 76ерс.

Гостите од Далас уште во првата четвртина покажаа каде ќе заминат подовите добивајќи ја со 15 поени разлика, или поточно 41:26. На полувреме предноста гласеше +20, а домашните намалија само на крајот откако последната четвртина ја добија со 34:26, за конечни 130:117 за Далас.

Најмногу поени уфрли Тим Хардавеј, 31, а расположен беше и Лука Дончиќ со дабл-дабл учинок од 26 поени и 10 асистенции. Додаде и 7 скока. Дерик Џонс имаше 20 поени. Кај домашните се истакна Кајл Кузма со 22 поена.

Дербито меѓу првопласираните две екипи на Истокот му припадна на Бостон Селтикс со 117:107 на гости кај Филаделфија 76ерс. Селтикс беа убедливи во првата четвртина добивајќи ја со 156 разлика (37:22), но Филаделфија комплетно се врати во втората која ја доби со 16 разлика (36:20) и на полувреме замина со водство од еден поен. Пресудна беше третата четвртина каде Бостон победи со 26:17, а до крајот се играше израмнето.

Џејсон Тејтум со 29 поени (8 скока, 6 аистенции) и Дерик Вајт со 27 поени беа најефикасни кај гостите, додека Жоел Ембиид со 20 поени, 9 скока и 7 аистенции ги предводеше поразените домаќини. Дабл-дабл за гостите постигна Џру Холидеј (18 поени и 10 скокови).

Сега Бостон е лидер на Истокот со скор 9-2, додека Филаделфија е втора со 8-3. Ова беше втор пораз по ред за 76ерс откако синоќа беа поразени од Индијана Пејсерс, исто така дома.

URL

Милвоки Бакс славеше на гости кај Торонто Репотс на крилјата на Демиен Лилард. Од 128 поени на гостите од Милвоки, Лилард уфрли 37, а со 13 асистенции запиша дабл-дабл учинок. Друштво му правеше Малик Бизли со 30 поени, кој, интересно, не запиша ниту една асистенција.

Кај Торонто одличен беше Скот Барнс со 29 пооени, 9 скока и 7 асистенции, но освен дабл-дабл учинкот на Австриецот Јакоб Пелтл, немаше поддршка кај соиграчите.

Резултати:

Вашингтон Визардс - Далас Маверикс 117:130
Атланта Хокс - Њујорк Никс 114:116
Филаделфија 76ерс - Бостон Селтикс 107:117
Торонто Репторс - Милвоки Бакс 112:128
Чикаго Булс - Орландо Меџик 94:96
Феникс Санс - Минесота Тимбервулвс 133:115
Лос Анџелес Лејкерс - Сакраменто Кингс 110:125
Портланд Треил Блејзерс - Кливленд Кавалирс 95:109

Табела:

реклама

Европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“

Read more

Словенија пред референдум за напуштање на НАТО

Read more

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Лажно „Windows ажурирање“ ќе ви ги украде лозинките

Read more

Кошарка

Новото НБА правило за 65 натпревари ја подели лигата, Баркли немилосрден кон играчите

Read more

Лејкерс во проблеми пред плејофот: Дончиќ и Ривс го пропуштаат почетокот на серијата

Read more

Заврши регуларната сезона во НБА, познати двојките за плејофот и плејинот

Read more

Јокиќ го предводеше Денвер до 10-тата победа во низа

Read more
 

Спорт

AS: Паника во Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Каталонски новинар по елиминацијата на Барса: УЕФА е мафија

Читај повеќе

Нејмар даде гол, па се скара со навивачите на Сантус 

Читај повеќе

Топ 10 клубови што освојувале најмалку бодови во историјата на првата лига

Читај повеќе

Сезонава Ф1 сепак ќе се вози во Џеда

Читај повеќе

Симеоне за Јамал: Нека игра тенис ако сака еден на еден

Читај повеќе

Нојер е во дилема: Нов договор, пензија или Премиер лига

Читај повеќе

Барса наоѓа маани на тревата пред реваншот со Атлетико Мадрид

Читај повеќе

Новото НБА правило за 65 натпревари ја подели лигата, Баркли немилосрден кон играчите

Читај повеќе