УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Холанд: Титулата во Лигата на шампионите ја сонувам од кога имав 7 години

Манчестер Сити и Интер вечерва се борат за титулата во Лигата на шампионите, а Ерлинг Холанд не е во најдобрата форма.

Постигна само еден гол на последните седум натпревари, што е негов најлош голгетерски период откако дојде од Борусија Дортмунд.

„Можете да видите дека постигнав еден гол на последните 7 натпревари или дека постигнав 52 гола на 52 натпревара, а плус имав и 8 асистенции. Барем јас така мислам. Јас всушност имав 9 асистенции, но кој ги брои... Не сум под стрес, се чувствувам многу добро“, прокоментира тој за британски The Guardian и додаде:

„Клучот е да работите напорно секој ден и да уживате во она што го работите. Немам поставено никаква цел за тековнава сезона, ме интересира само дали ќе победи мојот тим. Не ми е грижа за индивидуалните награди и не размислувам за Златната топка“.

„Освојувањето на Лигата на шампионите е мојот сон од кога се сеќавам. Го сакам овој натпревар. Кога имав седум години (2008 година) ги гледав Челси и Манчестер Јунајтед во финалето на Лигата на шампионите. Кога ги видов играчите на Јунајтед како слават, сакав да го направам истото“.

Холанд ја коментираше и сезоната и објасни како се чувствува пред финалето:

„Не очекував да постигнам толку голови оваа сезона, но можев да постигнам повеќе. Имаше натпревари каде што пропуштив неколку шанси, но ништо не можете да направите за тоа. Го чувствувам притисокот. Ќе излажам ако кажам дека не го чувствувам тоа. Тука сум да направам нешто што никогаш не сме го направиле во историјата. Ќе дадам сѐ од себе“, заврши Норвежанецот.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе