УЕФА ЕУРО 2020

Хрватска на ЕУРО играла со усташка шаховница на дресовите

Откако Хрватска испадна од континенталниот собир, некој примети дека шаховницата на хрватското знаме не е онаа државната, туку старата усташка шаховница.

На сите четири натпревари кои „Ватрените“ ги одиграа на Европското првенство, три во групната фаза и оној синоќа во осминафиналето против Шпанија, ги играле со знаме на кое стоела погрешка шаховница.

Станува збор за тешко приметлива разлика која за некој да ја открие треба навистина да се потруди. Знамето на Хрватска го сочинуваат тробојката со државниот грб на средина. А, пак, државниот грб е составен од пет мали штитови кои формираат круна врз голем штит на кој се наоѓа шаховницата.

Каде е проблемот?

Шаховницата која ја користи Хрватска денес има 13 црвени и 12 бели полиња со тоа што почнува со црвено поле од горе.

Знамето на Хрватска

За разлика од неа, шаховницата која ја користеле усташите е обратна: има 13 бели и 12 црвени, а почнува со бело поле. Токму ваква шаховница се наоѓаше на дресовите на Хрватска на ЕУРО.

Знамето на Хрватска под усташите од 1941 до 1945 година

Пракса на ЕУРО е на дресовите на секоја репрезентација за секој натпревар да стојат градот, датумот и знамињата или имињата на двете репрезентации кои го играат натпреварот.

Дресот против Англија

Разликата беше само кај знамињата на хрватските дресови. Така на пример репрезентациите на Чешка и Шкотска, кои играа против Хрватска, на нивните дресови го имаа правилното знаме на Хрватска, но самите Хрвати успеаја да го погрешат. Англија и Шпанија на дресовите не ставаа знамиња, само букви.

Дресот против Чешка
Дресот против Шкотска
Намерна или ненамерна грешка?

Останува отворено прашањето како дошло до ваква грешка. Задолжени за овие додавки на дресовите се економите на репрезентациите. Оттаму и прашањето како хрватскиот економ, не еднаш туку четири пати, успеал да го згреши знамето?

Дресот против Шпанија

Со оглед на тоа што знаме со ваква комбинација Хрватска никогаш во историјата немала, буди сомнеж дека е намерно така направено.

Од ХНС се извинија за пропустот преку портпаролот Томислав Пачак.

„Печатењето на спортската опрема на хрватската репрезентација го прави компанијата Sitotisak Decolor, вклучувајќи ги и знамињата на земјите за одредени натпревари. За жал, имаше ненамерна грешка при рачното векторско цртање, а потоа и при печатењето на хрватското знаме за Европско првенство, што не беше забележано“, рече Пачак.

„Ѝ се извинуваме на јавноста и на хрватските навивачи за овој пропуст. Се разбира, ХНС ја отфрла секоја мисла дека станува збор за намерно нарушување на хрватскиот грб, што хрватските репрезентации со години гордо го претставуваат низ целиот свет", додаде тој.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе