Кина воведува забрана за патници од некои европски држави

Кина забрани влез на патници од Обединетото Кралство и Белгија и постави услови за тестирање на посетители од САД, Франција и Германија како одговор на зголемениот број случаи на новозаразени со новиот коронавирус ширум светот.

На 28 септември Кина дозволи влез за сите странци со валидни документи, откако во март воведе ограничувања. Тестовите за коронавирус мора да се направат најдоцна 48 часа пред да влезат на територија на Кина.

Доколку патникот треба транзитно да застане на пат кон Кина, истите тестови мора да се направат и во земјата на транзит или во регионот. Слични барања од 8 ноември се воведени и за патници од земји како Австралија, Сингапур и Јапонија.

Инаку во Кина во последните 24 часа потврдени се 28 нови случаи на коронавирусот, што е зголемување во споредба со претходниот ден кога имаше 17, објави Националната здравствена комисија. Од вкупниот број нови случаи, 20 биле увезени.

Исто така, има 24 асимптоматски случаи кои не се вклучени во официјалната статистика.

Од почетокот на епидемијата, во Кина се регистрирани 86.115 случаи на коронавирус, а починале 4.634 лица.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more
 

Вести

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе