Кинески експерт: Коронавирусот поинаку се однесува кај новите случаи на заразени

Новиот коронавирус SARS-CoV-2 се однесува различно кај пациентите во североисточна Кина кои неодамна се заразиле во споредба со претходните случаи, што укажува дека се менува како што се шири, изјави кинескиот експерт Киу Хаибо.

Кина, која генерално ја стави епидемијата со COVID-19 под контрола во своите граници, во изминативе неколку недели откри нови кластери во провинциите Ѓилин и Хеилонгѓијанг во североисточните делови на земјата, што предизвика загриженост за ран втор бран на заразата.

Хаибо, експерт од Националната комисија за здравје, вели дека периодот на инкубација кај пациентите на североисток е многу подолг отколку кај заразените во Вухан, каде вирусот се појави кон крајот на минатата година.

„Тоа создава проблеми бидејќи луѓето немаат никакви симптоми. Можат да се сретнуваат со нивните семејства незнаејќи дека го носат вирусот, по што доаѓа до формирање на кластери“, истакнува експертот.

Според него, пациентите од кластерите во североисточна Кина исто така го носат вирусот многу подолго во споредба со раните случаи во Вухан и им треба повеќе време да оздрават.

Хаибо нагласува дека пациентите на североисток ретко имаат покачена температура и кај нив е позабележително оштетувањето на белите дробови, а не на другите органи.

Тој смета дека вирусот во кластерите во североисточна Кина најверојатно дошол од странство, поради што се разликува од другите случаи.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Здравје

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more
 

Магазин

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Читај повеќе

Што значи малиот засек на увото што го имаат многу мачки?

Читај повеќе

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе