Кличко додека вежба со украинската војска: Путин е како гангрена

Б.С.Б.
/ 03.01.2022 / 18:17

Поранешниот светски шампион во бокс и актуелен градоначалник на Киев, Виталиј Кличко се придружи на војската на Украина и ги повика останатите функционери да го направат истото, пренесе The New York Times.

Тој почна да вежба со украинскиот резервен состав среде зголемената тензија меѓу Украинa и Русија.

Кличко го опиша Путин како „гангрена“ што ја погодува Европа, бидејќи расте стравот дека Русија планира инвазија. Тој беше избран за градоначалник во 2014 година, а за во интервју зборуваше за учество во воени симулации и тактички вежби додека Русија собира сила на границата со Украина.

„Могумина од нас служеле војска и тие вештини мора да се вратат. Мислам дека оваа обука е неопходна за функционерите во земја која е во војна скоро 8 години“, изјави тој.

Убеден е дека неговото минато ќе послужи на најголемиот украински град во случај на конфликт.

„Мислам дека се работи за карактерни особини кои ги делат сите професионални спортисти. Самодисциплината, педантноста, упорноста и силното чувство на фокусирање се клучни принципи кои ќе ви помогнат да успеете, без оглед што правите. Што се однесува до мојот статус на славна личност, моите врски се од голема помош и даваат значајна предност“, изјави тој за британски Telegraph.

Наводно, 100.000 украински воени резервисти се поделени во 25 единици и за задача имаат да ги штитат и одржуваат клучните локации во ред во текот на војна.

 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more
 

Вести

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе