Клоп: Ливерпул нема да зема невакцинирани играчи за засилувања

Тренерот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека невакцинираните играчи претставуваат ризик по здравјето и дека неговиот клуб најверојатно нема како засилувања да донесе играчи кои ќе одбијат да се вакцинираат.

И тренерот на Астон Вила, Стивен Џерард, и на Кристал Палас, Патрик Виеира, исто така минатата недела изразија сличен став дека статусот на вакцинација на играчите ќе биде еден од условите за трансфери во зимскиот преоден рок.

Според Премиер лигата, 68 отсто од нејзините играчи биле вакцинирани со две дози во октомври, но во понеделникот објави рекордни 42 случаи на инфекција меѓу играчите, што одложи дури десет натпревари.

„Ние не сме за потпишување договор со некои играчи, но размислував за тоа и тоа ќе влијае на трансферите“, изјави Клоп, кој претходно беше неодлучен по тоа прашање.

„Доколку некој играч воопшто не е вакциниран, тој е постојана закана за сите нас... Што се однесува до организацијата, тоа создава голем хаос. Ако навистина сакате да ги следите протоколите, навистина е тешко. Ако еден играч добие ковид, а другите биле со него, тогаш сите одат во изолација. Така што, ќе влијае. Нема да изградиме зграда за невакцинирани играчи. Се надеваме дека нема да биде потребно“, додаде тој.

Ливерпул, втор на табелата со 40 бодови по 17 кола, игра денеска против седмопласираниот Тотенхем кој нема играно од 5 декември и има два одложени натпревари поради големиот број заразени со коронавирус во тимот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе