Клоп најавува титула следната година: Подготвени сме да ја освоиме

Предводникот на Ливерпул, Јирген Клоп, најавува дека неговиот тим следната сезона ќе биде поконкурентен во борбата за титулата отколку оваа.

Во понеделник од 21 часот „Црвените“ на „Ефилд“ ги очекува натпревар од 36. коло на Премиер лигата против Лестер во кој им е потребна победа за да ја продолжат борбата за место во Лигата на шампионите, иако таа задача нема да биде нималку лесна.

Имено, Манчестер Јунајтед има 4 бода повеќе, но и натпревар помалку од „Црвените“ на Клоп, па во овој момент во многу поповолна позиција е тимот на Ерик тен Хаг.

„Јасно ми е тоа, но не се предаваме. Имаме уште три натпревари до крајот на сезоната и ќе се обидеме да ги победиме сите три. Не знам дали ќе биде доволно за да се пласираме во Лигата на шампионите, но на моите играчи е да го направат тоа“, рече Клоп.

Потоа зборуваше за амбициите следната сезона.

„Имавме одредени проблеми оваа сезона, но следната сезона сакаме да бидеме поконкурентни во борбата за титулата. Некои прогнози велат дека потребни се нешто повеќе од 25 натпревари за да се освои шампионскиот пехар и ќе се обидеме да го оствариме тоа следната сезона. Ако во тие 25 се и оние против Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Њукасл и Арсенал, тоа ќе биде само уште еден плус повеќе“.

Последната титула во Премиер лигата Ливерпул ја освои во 2020 година, а на неа чекаше цели три децении, откако претходно беше шампион на Англија во 1990.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Read more

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Read more
 

Спорт

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе