ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Клоп: За наша жалост, Тухел е навистина добар стратег

Предводникот на актуелниот премиерлигашки шампион не е многу среќен што Томас Тухел ќе му биде нов противник на Островот.

Тухел застана на кормилото на Челси откако клубот му врачи отказ на Френк Лампард. Високо мислење за него има неговиот сонародник Јирген Клоп, кој го предводи Ливерпул.

„Ова е одлична можност за Томас. За наша жалост, тој е навистина добар стратег. Го познавам веќе долго време и имам голема почит за него. Овој тим на Челси е како подарок и сигурен сум дека и Томас го гледа како таков. Ќе бидат добри“, вели Клоп.

„Челси заврпи одлична работа на трансфер пазарот летоска, донесе некои навистина добри играчи, а за такви работи потребно е време. Френк Лампард ја загуби работата, навистина е сурова таквата одлука. Очигледно е дека г-дин Абрамович дава пари и играчи, но не е најстрпливиот човек на светот“.

новинарите го запрашаа Клоп дали има некој совет за Тухел кој прв пат е во Премиер лигата.

„Нема јавно да му делам совети на Томас! Не сум сигурен кога треба да играме со нив, а и го немам неговиот број па не можам ниту порака да му пратам. Долго беше во Франција и никогаш не го добив неговиот француски број. Нема потреба да го советувам“, одби тој.

Ја коментираше и ситуацијата со Челси, клуб кој стана познат по честото менување на тренери.

„Колку тренери смени Челси во последните 10 или 15 години? Навистина многу. Таму си или успешен или те бркаат, таква им е мантрата, а јас немам ништо со тоа. Ми се посреќи со клубовите кои ги водев, секогаш. Само три се, но имав среќа. Во Маинц сите сакаа да успеам, во Дортмунд беше исто, а така е и во Ливерпул. Зошто добивав време? Затоа што сопствениците, претседателите, спортските директори мислеа дека сме на правилниот пат и знаеја дека за тоа е потребно време“.

„Френк ќе биде добро. Ако фудбалските познавачи добро го пратеа Челси минатава година, знаат дека имаше добар план. Тој е млад тренер и направи навистина добра работа. Ќе се врати брзо, ако сака, и ќе добие време“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе