Кога институциите молчат, царуваат моќниците: Уште една зграда ќе никне спроти Холидеј Ин

Граѓанската иницијатива и советничка листа во Општина Центар, Шанса за Центар, остро реагира на изздавањето довола за изградба на нова зграда спроти Холидеј Ин.

„Денеска во мапата за издадени градежни дозволи во Општина Центар ќе ставиме уште една голема точка. За нова зграда спроти Холидеј Ин! Горан Герасимовски и Општина Центар издадоа дозвола за изградба на втора зграда на парцелата која порано беше државно земјиште. Известувањето е објавено во дневните весници“, се огласија оттаму на социјалните мрежи.

„И повторно ќе речат 'сѐ е по закон' или 'моравме бидејќи беше доставено барање за градба', иако целиот урбанистички план по кој се издаваат дозволите и по кој веќе се гради е очигледно незаконски“, алармираат од Шанса за Центар. 

„Планот во сите параметри го прекршува Генералниот урбанистички план на Скопје, а тоа според Законот за урбанистичко планирање е НЕЗАКОНСКИ и таков план НЕ СМЕЕ ДА СЕ СПРОВЕДУВА. 

Но, Градоначалникот и Општината остануваат глуви на овие факти! 

Без разлика што општината со издавањето на дозволите оди и самата против себе, против сопствените наоди за тоа колку е лош овој план. Овие наоди се прецизно наведени во стручниот елаборат за суспензија изработен од Општина Центар со кој општината бараше да биде суспендиран овој план и да се изработи нов. Но елаборатот беше одбиен од Министерството за транспорт и врски со образложение дека не може да се суспендира целиот план. 

Ваквото незаконско постапување го поддржуваат и други институции како Јавното обвинителство кое повеќе од една и пол година не одговара на поднесената иницијатива од страна на Антикорупциската комисија. Антикорупциската комисија смета дека има низа на законски прекршувања во начинот ипостапката со која е донесен урбанистичкиот план по кој се гради и се издаваат дозволи за овој простор. Но, обвинителството уште не одговара дали ќе отвори случај.

На петицијата со која се бараше овој простор да се осмисли квалитетно наместо само да се градат толкави објекти се потпишаа над 10 илјади граѓани. Меѓутоа, нивниот глас очигледно не значи ништо. 

За жал, се повторува правилото: Кога институциите молчат, царуваат моќниците!“, поентираат од Шанса за Центар.

❗Денеска во мапата за издадени градежни дозволи во Општина Центар ќе ставиме уште една голема точка. За нова зграда...

Posted by Шанса за Центар on Thursday, October 6, 2022
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе