ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Кој е човекот кој вчера истрча на теренот во Катар со ЛГБТИ знаме?

Синоќешниот натпревар помеѓу Португалија и Уругвај беше накратко прекинат во второто полувреме откако на теренот втрча човек со ЛГБТИ знаме во боите на виножитото.

Мажот помина покрај обезбедувањето и истрча на теренот облечен во сина маица со знакот Супермен на неа, заедно со пораките „Спасете ја Украина“ и „Почитувајте ги Иранките“ и веејќи знаме со виножито за поддршка на ЛГБТИ заедницата.

Набрзо беше изнесен од теренот од обезбедувањето, а сите се прашуваа која е личноста која имала храброст да направи такво нешто и ризикува жестока казна.

Неговото име е Марио Фери, а станува збор за 35-годишен италијански фудбалер чие „хоби“ е да ги прекинува натпреварите.

Фери игра на позицијата десно крило, а кариерата ја изгради во бројни клубови во Италија, Сан Марино, Јордан, Сејшелите и Индија, а моментално е фудбалер на италијанскиот нисколигаш Кастел ди Сангра.

На почетокот на оваа сезона тој беше играч на Тре Фиори и играше во квалификациската лига на Конференциската лига против луксембуршката Фола Еш, но само две недели подоцна кога клубот од Сан Марино испадна од Европа, тој го напушти клубот и замина во Кастел ди Сангро.

За Фери, кој го носи прекарот „Ил Фалко“ („Соколот“), ова не беше првпат да прекине голем фудбалски натпревар.

Во минатото многупати беше во центарот на вниманието, а секако најзначајниот „подвиг“ што го направи беше кога истрча на тревникот за време на полуфиналето на СП 2010 во Јужна Африка меѓу Шпанија и Германија.

Сè започна во 2009 година кога тој излета на теренот за време на натпреварот помеѓу Италија и Холандија со порака до селекторот Марчело Липи да го повика Антонио Касано во националниот тим на Светското првенство.

Касано не беше повикан на турнирот, Италија беше елиминирана, а Фери упадна на мечот меѓу Шпанија и Германија со порака „Липи, нели ти реков?“.

Фери, исто така, го прекина финалето на Светското клупско првенство во 2010 година помеѓу Интер и Мазембе во Абу Даби со барање до иранската влада да ја ослободи Сакине Мохамади Аштиани, која беше осудена на смрт со каменување. Беше ослободен четири години подоцна.

Прекина уште неколку натпревари, од кои еден се издвојува на Мундијалот во 2014 година кога на средбата меѓу Белгија и САД претрча низ теренот со порака „Спасете ги децата во фавелите“.

И додека тој доби релативно лесни казни за неговите претходни испади, прашање е дали ќе се извлече само со парична казна во Катар.

Сепак, Рубен Невес, играчот за врска на португалската репрезентација, по натпреварот излезе во негова одбрана.

„Сите сме со него и ги поддржуваме пораките кои ги испрати. Се надевам дека ништо лошо нема да му се случи поради тоа. Сите добро разбравме што сакаше да каже“, изјави Невес.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе