Кој е најпродаван BMW модел во 2023 година?

Ако сте љубител на BMW и неговата М дивизија, знајте дека продажбата никогаш не била подобра, но и дека дошле некои нови времиња.

Токму така, BMW објави нови податоци поврзани со продажните резултати во 2023 година и тие се изненадувачки. М дивизијата на BMW минатата година испорача рекордни 202.530 автомобили, што е раст од дури 14,3 отсто во однос на годината пред тоа. Најважен единствен пазар е САД, а по него е Германија.

Овој скок се должи и на моделите кои според многумина не се чисти М. На пример, таму влегуваат и M340i и i4 M50. Сите овие се класични модели на BMW кои се дотерани од BMW M.

И сега изненадување што ќе направи многумина свесни за тоа колку е моќна електрификацијата во автомобилскиот свет. Верувале или не, BMW M3 не е најпродаваниот М модел, ниту е еден од моделите X, тоа е i4. Станува збор за BMW i4 M50, кој се покажа како вистински хит.

За помалку од две години на пазарот се профилираше како најпродаван производ со ознаката М. Електричниот седан има 544 КС, што му овозможува да спринтува до 100 км/час за 3,9 секунди со максимална брзина од 225 км/час. Досегот е поставен на 521 км според WLTP, а според достапниот ценовник во Германија чини 71.100 евра, што е дури и нешто помалку од моделот M3.

И електричната (r)еволуција не застанува тука, па BMW i5 M60 xDrive Sedan и i7 M70 xDrive пристигнаа со уште помоќни погони и повеќе разновидни опции. Во исто време, не треба да заборавиме на широката понуда на М дивизијата, која вклучува голем број модели, почнувајќи од новиот M2 со заден погон, шестцилиндричен и мануелен менувач, преку бескомпромисниот M3 CS, па сè до бескомпромисниот XM.

Истовремено, имајте предвид дека оваа година ќе пристигнат неколку обновени модели, како и новиот M5 кој ќе се нуди во караван верзија Touring.

Тагови
реклама
tigar.jpg

За прв пат во 100 години порасна бројот на тигри во природата

Read more
Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Read more
Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Read more
Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Read more

Авто новости

Кои електрични автомобили и plug-in хибриди имаат најдобри батерии?

Read more

Анализа на трошоците: Кои автомобили се најскапи за одржување?

Read more

Возачи, внимателно: На што треба да обрнете внимание кога возите на дожд?

Read more

Mazda има нов идентитет: Дали ќе остане препознатлива?

Read more
 

Автомобили

Кои електрични автомобили и plug-in хибриди имаат најдобри батерии?

Читај повеќе

Анализа на трошоците: Кои автомобили се најскапи за одржување?

Читај повеќе

Возачи, внимателно: На што треба да обрнете внимание кога возите на дожд?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новото Peugeot 208?

Читај повеќе
  • filter

Mazda има нов идентитет: Дали ќе остане препознатлива?

Читај повеќе
  • filter

Новиот Volkswagen „на струја“ е вистинско изненадување

Читај повеќе
  • filter

SEAT ги претстави новите Ibiza и Arona: Освежен дизајн, напреден ентериер и уште поголема вредност

Читај повеќе

Какви гуми треба да ставите на вашиот електричен автомобил?

Читај повеќе
  • filter

Познати финалистите за Автомобил на годината 2026: Кој е вашиот фаворит?

Читај повеќе