Која е Аида Јеспика, бившата на Озил за која Мурињо тврди дека спиела со сите

Коментарите на Флорентино Перес за многу поранешни ѕвезди на Реал Мадрид, кои неодамна протекоа, предизвикаа контроверзии, но можеби ниту една не беше толку сочна како работите кои ги кажа за Месут Озил.

Имено, претседателот на Реал рече дека Озил бил во врска со моделката Аида Јеспица од Милано, за која тогашниот тренер Жозе Мурињо тврдеше дека спиела со бројни играчи на Милан и Интер.

„Озил дојде тука на 21 година. Тој е трета генерација Турци и го откри Мадрид. Немаше тука ништо. Немаше други Турци и немаше девојка. Потоа неговиот животен стил нагло се промени, падна на една италијанска манекенка од Милано. Имаше приватен авион, ќе одлеташе таму, се сексаа и потоа ќе се вратеше. Еден ден го налути Жозе Мурињо, кој на шега мурече: 'Еј, Озил, идиоту, да ти кажам нешто сега, ајде да ти се обратам како да сум татко ти. Девојката со која излегуваш ја е*еа сите играчи на Интер и Милан, вклучувајќи ги и стручните штабови на двата клуба'. Озил брзо ја остави“, рече Перес во една од снимките објавени од шпанскиот El Confidencial во текот на изминатата недела.

Со оглед на тоа што сите овие работи деновиве го привлекуваат вниманието во сите шпански медиуми, време е да погледнеме која е всушност Аида Јеспика.

Која е таа?

Аида е по потекло од Венецуела, каде во 2002 година, кога имаше 20 години, победи на изборот за Мис на Венецуела. Потоа се пресели во Милано за да се занимава со манекенска кариера, а до 2003 година веќе стана позната манекенка.

Беше на насловните страници на престижни списанија како GQ, Maxim и Fox, а во исто време објави и атрактивни календари. Кариера ја продолжи на италијански и шпански риалити телевизии појавувајќи се во бројни емисии.

Со кого беше поврзана?

Бидејќи ова беше тема на разговорот меѓу Перес и Мурињо, а нема начин како да се потврди, она што е сигурно е дека Аида била во врска со поранешниот играч на Интер, Матео Ферари.

Дури има дете со дефанзивецот, по име Арон Ферари, роден во 2008 година. Било какви други нејзини врски се шпекулации и тешко е да се потврдат.

Што прави таа сега?

Аида Јеспика од 2013 година нема работено во ниту една поголема телевизиска програма, ниту се појавила во филмови, но има речиси милион следбеници на Instagram, каде доста често објавува атрактивни фотографии.

реклама

Живот

Раните знаци на аутизам кај децата може да се откријат дури и пред 3-годишна возраст

Read more

Што значи малиот засек на увото што го имаат многу мачки?

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Read more
 

Магазин

Раните знаци на аутизам кај децата може да се откријат дури и пред 3-годишна возраст

Читај повеќе

Жена родена во 1922 не можела да резервира авионски билет оти било многу одамна, па ја запишале како бебе од 2022

Читај повеќе

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Читај повеќе

Што значи малиот засек на увото што го имаат многу мачки?

Читај повеќе

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе