Колку брзо може повторно да се заразите со коронавирусот?

Инфекцијата со коронавирусот SARS-CoV-2 веќе стана нормална работа и во таа смисла се поставуваат многу прашања. Едно од нив е колку брзо може повторно да се заразите?

Болеста COVID-19 е предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 кој досега мутираше во различни варијанти и соеви, но во иднина не може да исклучат нови мутации.

Повторната зараза со овој вирус е можна доколку не ги почитувате препораките за превенција од зараза со коронавирусот. Од многуте превентивни мерки, најефикасни се носењето маски и честото миење раце.

Што е реинфекција со коронавирус?

Кога некој ќе се зарази повеќе од еднаш, тогаш станува збор за реинфекција со вирусот.

„Реинфекцијата со вирусот кој предизвикува COVID-19 значи дека таа личност била заразена, закрепнала и подоцна повторно се заразила. По закрепнување од COVID-19 повеќето луѓе имаат некој вид заштита од повторно заразување, сепак, реинфекциите се појавуваат“, велат од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC).

Колку брзо може да дојде до реинфекција?

Иако не постои дефинитивен одговор на ова прашање, според последните податоци добиени од истражување се покажа дека три месеци од прележаната болест не е потребно повторно тестирање на лицето освен ако не покаже симптоми на COVID-19.

Друго истражување покажа дека повеќето луѓе се заразуваат без разлика на тоа дали имаат или немаат симптоми, произведуваат антитела и клетки кои се борат против вирусот. За оние кои закрепнале шансите за реинфекција се многу мали во првите три месеци по иницијалната зараза.

„Ако сте имале блага зараза и не сте имале добар имунолошки одговор, но се изложите повторно на голема количина на вирусот, дефинитивно е возможно повторно заразување“, вели д-р Томас Русо, професор и шеф на катедра за инфективни болести на Универзитетот Бафало во Њујорк.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе