Колку длабоко може да оди љубовта кон дијамантите?

Мир е светско чудо создадено од човекот и очигледен доказ до каде, поточно колку длабоко, може да оди љубовта кон дијамантите.

Огромната дупка која личи на сцена од научно-фантастични филмови се наоѓа во најненаселената област во Русија, 8.050 километри источно од Москва. Мир е светско чудо создадено од човекот и очигледен доказ до каде, поточно колку длабоко, може да оди љубовта кон дијамантите.

Џиновската дупка е широка повеќе од 1 километар (1.200 метри) и длабока 525 метри. Да не беше рудникот, немаше да има град на кој му го должи името - Мирниј (Мирный). Создаден е во 50-тите години на минатиот век, откако било откриено дека Јакутија е ветената земја на дијамантите.

Експедицијата на исток од Сибир, предводена од Јуриј Хабардин, се покажала како една од најпрофитабилните во историјата, бидејќи со откривањето на трагите од кимберлит, што укажуваат на почва богата со дијаманти, Советскиот Сојуз станал дом на највредната дупка во светот.

Мир набрзо привлекол население кое било доведено во сибирскиот студ поради желбата за богатство, а до 1960-тите рудникот станал најголемиот во СССР.

Од Мир секоја година се ваделе по 2 тона дијаманти, без разлика на температурите кои паѓале до 40 степени под нулата и почвата што во поголемиот дел од годината е замрзната, а во потоплите денови се претвора во мочуриште.

Грубо се проценува дека од рудникот биле извадени дијаманти во вредност од околу 110 милијарди евра. Најголемиот пронајден дијамант е со големина на топче за голф и вреди околу 2 милиона евра. По Втората светска војна, заработката од дијаманти на Русија ѝ помогна да застане на нозе.

Хеликоптери не се осмелуваат да летаат над дупката поради температурни разлики и предупредувања дека може да ги вшмука, но такви случаи сѐ уште не се евидентирани. Поради необичните звуци кои доаѓаат од длабочините на рудникот, досега се имаат појавено бројни теории на заговор.

Remote video URL

Од 1992 година сопственик на Мир е руската компанија АЛРОСА, која произведува околу четвртина од светските дијаманти. По затворањето поради поплавата, рудникот сѐ уште делумно работи, но не како во славните денови. Дијамантите се ископуваат во мрежа од подземни тунели.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе