КОШАРКАРСКА ПРВА ЛИГА 2020/21

Конечно почнува кошаркарското првенство

Во викенд кога првенствата во сите спортови се одложуваат, кошаркарското токму сега ќе ја почне новата сезона.

Домашните кошаркарски екипи денеска ќе го тапкаат баскетот. Новиот невозможен протокол на Министерството за здравство ги натера екипите во речиси сите спортови да не играат викендов поради правилото за тестирање на секоја екипа 72 часа пред секој натпревар и тоа на сопствен трошок, но кошаркарите секако се тестираа пред почеток на сезоната па затоа и ќе стартуваат денеска.

Веднаш во првото коло се игра и големото градско дерби помеѓу Работнички и МЗТ кое е закажано за в недела во „Градски Парк“.

Денеска од 18:00 часот се среќаваат:

Академија ФМП - Гостивар
ТФТ - Куманово

Пренос на МРТ3 ќе има од натпреварот помеѓу ТФТ и Куманово.

Утре на програмата се исто така два дуела, но во различни термини:

МЗТ Уни Банка - Еуро Никел (16:00 часот)
Работнички - МЗТ Скопје (18:00 часот)

Нормално, пренос ќе има и од големото дерби, исто така на МРТ3.

Два дуела се одложени порази позитивни играчи на тестирањата и тоа Кожув - Пелистер и Вардар - Црн Дрим. Позитивни играчи има кај екипите на Пелистер и Вардар.

Спортските федерации се во преговори со Министерстово за здравство поради невозможниот протокол кој беше усвоен без тие да бидат консултирани, па доколку во блиска иднина не биде променет можно е и кошаркарското првенство да доживее прекин.

реклама

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе