КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025

Кошаркарите добија силна група, но и шанса по 10 години да се најдат на ЕвроБаскет

На денешната жрепка во Минхен македонската кошаркарска репрезентација ги доби противниците во квалификациите за пласман на ЕвроБаскетот 2025.

Кошаркарите за да дојдат до оваа главна фаза од квалификациите почнаа од втората рунда во претквалификациите каде завршија први во група со Словачка, Норвешка и Данска губејќи само еден натпревар (од Словаците на гости).

Фортуната одлучи да играме во последната Х група против силната Литванија, потоа репрезентацијата на Полска од која деновиве изгубивме во двата подготвителни натпревари, како и незгодната Естонија. Бидејќи во нашата група нема од земјите домаќини, сѐ што треба да направиме за да играме на ЕвроБаскетот е да не завршиме на последното место.

Група Х

  • Литванија
  • Полска
  • Естонија
  • Македонија

Квалификациските натпревари ќе се играат во три прозорци и тоа 19-24 февруари 2024, 18-26 ноември 2024 и 17-25 февруари 2025. Секоја репрезентација ќе игра по два натпревара во еден прозорец.

Пласман на завршницата ќе изборат трите највисокопласирани репрезентации од секоја група, освен групите во кои влегуваат кодомаќините на ЕвроБаскетот - Кипар, Финска, Полска и Латвија. Во групите кои ги содржат нациите домаќини, домаќинот и двете други највисоко пласирани селекции ќе се квалификуваат на ЕвроБаскетот 2025.

Македонските кошаркари ќе се обидат по 10-годишна пауза да се вратат на континенталното првенство, откако последен пат настапија на ЕвроБаскетот 2015.

ЕвроБаскетот 2025, 42. издание на континенталното натпреварување на ФИБА, ќе се одржи од 27 август до 14 септември во Тампере (Финска), Рига (Латвија), Катовице (Полска) и Лимасол (Кипар). 24-те квалификанти на завршницата ќе бидат поделени во четири групи, секоја со по 6 репрезентации.

реклама

Кошарка

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Read more

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе