КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИБА МУНДОБАСКЕТ 2023

Кошаркарите квалификациите ги отвораат против светскиот шампион Шпанија

Денеска жрепката ги одреди противниците на македонската кошаркарска репрезентација во квалификациите за пласман на Мундијалот во 2023 година.

Фото: КФМ

Фортуната, или потично раката на легендарниот Руди Фернандес, Македонија ја смести во групата Г заедно со актуелниот бранител на титулата Шпанија, како и со Украина и Грузија. Квалификациите ќе се играат во три прозорци, а ќе почнат во втората половина од ноември.

ГРУПА А: Србија, Латвија, Белгија, Словачка

ГРУПА Б: Грција, Турција, Велика Британија, Белорусија

ГРУПА Ц: Словенија, Хрватска, Финска, Шведска

ГРУПА Д: Германија, Полска, Израел, Естонија

ГРУПА Е: Франција, Црна Гора, Унгарија, Португалија

ГРУПА Ф: Литванија, Чешка, Босна и Херцеговина, Бугарија

ГРУПА Г: Шпанија, Украина, Грузија, Македонија

ГРУПА Х: Италија, Русија, Холандија, Исланд

Квалификациите ќе се играат во две фази. Првопласираните три репрезентации од секоја група ќе продолжат во втората фаза каде ќе бидат формирани четири групи, секоја со по шест репрезентации. Новитет е тоа што репрезентациите во втората фаза ќе ги пренесуваат бодовите од првата, што ќе донесе дополнителен интерес на воведниот круг каде што секој кикс скапо ќе се плаќа. Пласман на Мундобаскетот ќе обезбедат првопласираните три селекции од секоја од четирите новоформирани групи. Мундијалит ќе се игра во август и септември 2023 година во Индонезија, Јапонија и Филипини.

Распоред на натпревари за нашата група:

1. коло - 26.11.2021
Грузија - Украина
Македонија - Шпанија

2. колоО - 29.11.2021
Шпанија - Грузија
Украина - Македонија

3. коло - 24.02.2022
Шпанија - Украина
Грузија - Македонија

4. коло - 27.02.2022
Украина - Шпанија
Македонија - Грузија

5. коло - 01.07.2022
Шпанија - Македонија
Украина - Грузија

6. коло - 04.07.2022
Грузија - Шпанија
Македонија - Украина

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Кошарка

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Read more

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе