Daimler AG е германски производител на автомобили формиран во 2008 година со спојување на германски Daimler-Benz и американски Chrysler.
Производителот на автомобили Daimler AG официјално ќе се збогува со своето поранешно име на компанија во вторник и отсега ќе се нарекува Mercedes-Benz Group AG.
Извршниот директор на Mercedes, Ола Калениус, на тој начин го завршува опсежното реструктуирање на компанијата што започна кон крајот на минатата година со одвојувањето на Daimler Truck.
Оттогаш, има две посебни компании, а Mercedes-Benz сега се концентрира на бизнисот со автомобили и комбиња.
Daimler AG е германски производител на автомобили формиран во 2008 година со спојување на германски Daimler-Benz и американски Chrysler, кои од 1998 година формираа заедничко вложување наречено DaimlerChrysler AG.
Инаку, Daimler Motoren Gesellschaft работи од 1890 година, а кога се спои со Benz & Cie во 1926 година, основана е Daimler-Benz.
Сега Daimler заминува во историјата.