Кремљ: Ништо од средбата меѓу Путин и Зеленски

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, одржа прес-конференција.

„Државите кои имаат влијание во Киев треба да го искористат тоа влијание за да ја направат Украина поконструктивна во мировните преговори“, рече Песков, додавајќи дека „разговорите со Украина не напредуваат толку колку што сака Русија“.

„Русија прави напори да ги забрза преговорите“, рече тој, додавајќи дека „нема основа за можна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Владимир Зеленски“.

Тој ги нарече „лаги“ тврдењата дека руската армија не дозволува евакуација на украинските цивили и ги обвини „украинските националисти“ дека спречуваат евакуација на цивили преку хуманитарни коридори.

Кремљ пред состанокот на членките на ЕУ предупреди дека можното европско ембарго на руската нафта може да го погоди светот.

„Нафтено ембарго би влијаело на снабдувањето со енергија на Европа, додека Америка не би изгубила ништо во случај на ембарго“, рече Песков.

„Таквото ембарго би имало многу сериозно влијание врз светскиот пазар на нафта, штетно влијание врз енергетскиот пазар на Европа. Очигледно е дека Американците не би изгубиле ништо, нивната позиција би била подобра од европската. Таквата одлука би влијаела на цел свет“, додаде тој.

Европскиот увоз на руска енергија досега беше поштеден од санкции бидејќи Европејците во голема мера зависат од руската нафта и гас. Германија беше особено критикувана поради тоа што се спротивстави на сегашното ембарго на руските јаглеводороди од кои нејзината економија е силно зависна.

реклама

Свет

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Read more

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе