Кривична против полицаец од Битола: уништил книги што му припаѓаат на ОВР Крушево

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против З.Н., полициски службеник во Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело одземање или уништување службен печат или спис, казниво по член 390 од Кривичниот законик.

„На 20.2.2024, во гаражата на ОВР Крушево, каде што биле одложени на чување службени материјали за чување во картонски кутии, зел дел од кутиите со службени материјали, меѓу кои имало и документи со одреден степен на класификација, и ги фрлил во приколка на ЈП 'Комуна', која во тој момент вршела редовно подигање смет, со што уништил книги или спис што му припаѓаат на државниот орган ОВР Крушево“, соопшти МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за пријавениот поднесе и предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплината и изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Remote video URL
Тагови
реклама

Хроника

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Read more

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Read more

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Read more

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе