Кромид полнет со жолчки и бешамел

Специјалитет на кој нема да можете да му одолеете, а одличен е за секоја прилика. Најдобриот начин да подготвите кромид е да го наполните со жолчки и бешамел.

Кромидот може да се јаде сиров или динстан, а освен што го подобрува вкусот на секое јадење, има и доста предности за организмот. Воглавно се состои од вода, но содржи и ензими, протеини, јаглени хидрати... Ја нормализира цревната флора, помага при метаболичките функции и го чисти организмот од токсини. Ако сакате да го јадете сигурни сме дека овој рецепт ќе ви се допадне, бидејќи се подготвува поинаку. Кромидот наполнете го со жолчки, кашкавал и бешамел сос, па послужете го со леб. Одличен предлог е и како предјадење за празничната трпеза.

Потребни состојки:

  • 6 парчиња кромид
  • путер
  • 2 лажици брашно
  • 150 мл бело вино
  • 6 жолчки
  • 200 мл млеко
  • 100 гр пармезан
  • сол

Подготовка:

Во тавче ставете доволно сол, убаво да го обложи дното, па наредете ги главиците кромид. Печете на 180°C околу 50 минути. Со нож исечете го врвот на секоја главица, па извадете им ја средината (кромидот не го вадете од тавчето). Исечете го и пропржете го некои половина час на растопен путер. Зачинете по желба. Додадете лажица брашно и вино, промешајте и гответе уште 10 минути. Потоа наполнете го кромидот со пропржената средина, па во секој ставете и жолчки. На путер пропржете лажица брашно, па сипајте млеко и пармезан. Гответе додека не се згусне, со непрестајно мешање. Сипајте над жолчките. Посипете со пармезан и вратете во рерна на уште 10 минути.

Remote video URL
Тагови
реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Read more

Како се снимаше Lord of the Rings

Read more

Рецепти

Докопан во сос од бело вино и сенф

Read more

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Read more

Идеја за ручек: Пилешко со 4 сирења

Read more

Палента со сос од печурки - супер предлог за ручек

Read more
 

Магазин

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Читај повеќе

Докопан во сос од бело вино и сенф

Читај повеќе

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе