Кунгуловски: Нема никаква поврзаност на вакцините со стерилитет или со неплодност

Скопје, 11 мај 2021 (МИА) – Единствен спас во пандемијата е создавањето на колективен имунитет, што можеме да го добиеме преку вакцинирање. Во моментов, ефикасноста на вакцините е сигурно над 95 отсто. Ниту една вакцина не предизвикува болест, а најдобрата вакцина е онаа која прва ќе ни стане достапна.

Ова го посочи д-р Горан Кунгуловски, доктор на науки по геномика и молекуларна епигеномика на денешната онлајн конференција „Информирај се! твое право, твоја сигурност!“ организирана од Црвениот крст на град Скопје, со поддршка на Швајцарскиот Црвен крст.

Докторот Кунгуловски напомена дека без разлика за која вакцина станува збор, ниту една вакцина не предизвикува болест, само се намалува имунолошкиот систем да реагира и да мисли дека станува збор за вирус.

Ефикасноста на вакцините, смета тој, треба да се гледа во тоа колку тие се ефикасни за да спречат смртен исход.

-Овој вирус предизвикува релативно висок процент на смртен исход и на хоспитализација. Ефикасноста на вакцините да ја разбереме како ефикасност кон смртен исход. Таа борјка во моментов е сигурно над 95 отсто, или околу 100 отсто, за некои вакцини. Затоа велам дека најдобрата вакцина е онаа вакцина која прва ќе ни стане достапна, рече Кунгуловски.

Во однос на тоа дали овие вакцини се ефикасни за новите соеви на вирусот, д-р Кунгуловски рече дека тие во моментов имаат благо намалена ефикасност, но како што појасни, доколку се заразиме со еден од новите соеви, многу е веројатно дека симптоматологијата ќе ни биде блага. Токму во тоа, вели Кунгуловски, е поентата на вакцините.

– Моментално и овие вакцини кои ги имаме, ја вршат својата работа, барем да ја надминеме првата етапа на пандемијата, па понатаму само ќе треба да влеземе во една фаза во која ги контролираме бројките и за неколку години да се обидеме целосно да ја сузбиеме оваа пандемија. Имаат некаков ефект и на новите соеви, на пример имаат повисок ефект на британскиот сој, понизок на бразилскиот сој, но имаат некаков ефект, и кога повторно би се заразиле и доколку сте вакцинирани, симптоматологија најверојатно ќе биде многу поблага, рече д-р Кунгуловски.

Позитивен аспект кај овие мутации, според докторот, е што кај многу соеви во многу географски локации во светот, се појавуваат истите мутации. Вирусот, како што рече, нема каде да оди и нема веќе толку голема способност да евалуира.

Доколку успееме да го намалиме ширењето на вирусот преку вакцинирање и со стекнување на колективен имунитет, според д-р Кунгуловски, ќе останеме само на овие мутации.

На прашање дали некоја од вакцините предизвикува стерилитет, д-р Кунгуловски рече дека апсолутно нема никаква поврзаност на вакцините со стерилитет или со неплодност.

-Не знам од каде доаѓаат овие дезинформации за стерилитет и неплодност, најверојатно од луѓе кои имаат премногу време и се на интернет и гледаат некорисни информации или имаат некоја агенда, појасни д-р Кунгуловски.  

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе