Квалитет на воздух: Што значат боите и бројките на апликациите?

Што точно ни велат овие бои и бројки, од каде им се податоците на апликациите и дали тие ја покажуваат состојбата во реално време.

Фото: МИА

Откако пред неколку години во медиумите се појави веста дека Скопје и други македонски градови се едни од најзагадените во светот, темата за квалитетот на воздухот конечно го доби местото што го заслужува во очите на јавноста. Проверката на податоците на апликациите МојВоздух и AirVisual или веб-страницата waqi.info за многумина стана секојдневна рутина, а на социјалните мрежи редовно се споделуваат фотографии на кои се прикажани големи бројки, заканувачки црвени (па дури и виолетови) бои и слики на луѓе кои носат маски.

Индекс на загаденост на воздухот

Бројот што го гледате на аликациите вушност претставува индекс на квалитетот на воздухот (air quality index, AQI) и служи за тоа податоците од моменталната концентрација на штетни честички во воздухот (што се мери во микрограми на кубен метар) да ги „преведе“ во скала едоставна за разбирање со која би се оценила моменталната состојба на квалитетот на воздухот на одредена област.

Вредностите на скалата може да се движат од 0 до 500, додека квалитетот на воздухот е поделен во 6 категории, од зелена - добар, до бордо, која е оценета како опасен квалитет:

0-50 Зелена - добар квалитет на воздухот

51-100 Жолта - умерено добар квалитет на воздухот

101-150 Портокалова - воздух кој е нездрав за чувствителните групи

151-200 Црвена - нездрав воздух

201-300 Виолетова - многу нездрав воздух

300+ Бордо - опасен воздух

Поголема вредност на индекс одговара на повисока загаденост на воздухот, додека вредност до 100 главно претставува официјална граница за одредена загадувачка материја после која се смета дека воздухот е загаден.

Објаснувањето на конретните здравствени последици треба да им се остави на лекарите, но она што е сигурно е дека сите треба да избегнуваат долга физичка активност на отворено кога индексот почнува да се приближува до бројката од 150 и кога од портокалова преминува во црвена, додека оние со болни дишни патишта уште порано треба да ја намалат изложеноста.

Како апликациите ги собираат податоците?

Податоците кои можете да ги видите на апликациите доаѓаат од мерните станици кои се поставени на различни места во градовите. Мерните станици се опремени со сензори кои ја мерат концентрацијата на честички што загадуваат.

Апликациите покажуваат податоци од официјални мерни станици на Агенцијата за заштита на животната средина, како и од станици поставени од граѓаните како дел од проекти кои го поддржуваат развојот на граѓанската наука. Во последниве години има напредок на полето на оваа технологија, сега е прилично евтино да се обезбедат сензори за мерење на загадувањето со честички, а заинтересираните граѓани можат да купуваат делови преку интернет и сами да состават сензор.

Информациите за тоа кој ја поставил мерната станица од која ги следите податоците се достапни на сите веб-страници и апликации. На пример, во AirVisual треба да скролате до дното на страницата и полињата contributors и data sources, додека на waqi.com информациите се видливи на дното на правоаголникот што се појавува по кликнување на поединечна мерна станица. Инаку, најголемиот број независни сензори се дел од мрежата Luftdate за следење на квалитетот на воздухот.

Податоци во реално време

Податоците на апликациите и веб-страниците се ажурираат во речиси реално време. Мерните станици кои се дел од независни мрежи за мониторинг на квалитетот на воздухот континуирано мерат податоци за загадувањето и автоматски ги праќаат во мрежата, додека оние со кои управува Министерството за животна средина може да објавуваат податоци и со еден час разлика.

Меѓутоа, AirVisual исто така податоците од сите станици ги ажурира на секој еден час, па за информација за моменталното загадување подобро е да ја посетите веб-страницата waqi.info која автоматски ги објавува податоците од независните мерни станици речиси и во реално време.

Следењето на квалитетот на воздухот во реално време е корисно бидејќи ситуацијата може значително да се промени во релативно краток временски интервал. Исто така, препорачливо е секогаш на картата да барате мерна станица која е блиску до местото каде што се наоѓате, бидејќи поради близината на изворите на загадување, како и поради метеоролошките и географските услови, можни се отстапувања помеѓу мерните станици лоцирани во различни делови на градот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе