ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

La Repubblica тврди: Интер одбил да го потпише Роналдо

Деновиве сѐ погласни се шпекулациите за враќање на Роналдо во Серија А, а сега излезе информација дека португалскиот ас се понудил да му се приклучи на Интер.

Италијанскиот дневен весник La Repubblica, кој не е спортски туку општ и со седиште во Рим, објави вест дека агентот на Роналдо, Жорже Мендеш, го понудил својот клиент на Интер, но оттаму стигнал негативен одговор.

Кристијано Роналдо сака да игра во клуб кој настапува во Лигата на шампионите откако изминатава сезона неговиот Манчестер Јунајтед не успеа да се избори за место во ова натпреварување.

Интер има место директно во фазата по групи, но „Нераѕурите“ финансиски не можат да ги задоволат барањата на Роналдо, а згора на тоа веќе имаат доволно напаѓачи, плус Ромелу Лукаку кој е на чекор од камбек. Оттаму и причината поради која наводно го одбиле Роналдо.

Роналдо се поврзува и со преселба во Рома поради Жозе Мурињо, но тоа е помалку веројатно со оглед на тоа што овој клуб исто така нема да игра во Лигата на шампионите.

Засега нема најави за можно враќање во Јувентус, каде настапуваше од 2018 до 2021 година.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Read more

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more
 

Спорт

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе