Лапорта: Барса се надеваше дека Меси ќе игра беспари

Интересно признание доаѓа од претседателот на Барселона кој изјави дека се надевал Меси да остане и да игра без плата поради љубовта кон клубот.

Лионел Меси летово го направи неверојатното - си замина од Барселона, од клубот каде ја мина целата сениорска кариера откако како 13-годишно дете дојде во Каталонија. Сега е во ПСЖ, во пребогатиот француски гигант, откако летово му достави понуда која не се одбива.

„Не можам да му се лутам на Меси, бидејќи го почитувам. Знам дека имаше голема желба да остане, но исто така и голем притисок поради понудата која ја доби“, вели Лапорта во разговор со RAC1.

„Сѐ навестува дека тој веќе имал понуда од ПСЖ. Сите знаеја дека има добиено многу моќна понуда. Самиот ни кажа дека понудата е одлична“.

За Меси немаше друго решение поради големата финасиска криза која ја погоди Барселона. Добро, освен идејата на Жоан Лапорта да игра беспари.

„До последен момент се надевав дека Меси ќе остане и ќе игра бесплатно. Ќе ми се допаднеше предлогот и тој ќе ме убедеше за да биде така. Знам дека и лигата ќе прифатеше такво нешто. Но, не можеме да побараме такво нешто од играч од некова класа“.

Лапорта се осврна и на шпекулациите дека тренерот Роналд Куман наскоро ќе биде отпуштен поради разочарувачките резултати.

„Одлуката е дека Куман останува. Тој е куле (вистински фанатик, заб. на прев.) како нас. Сака Барса да напредува. Си има валиден договор и треба да биде почитуван. Среќен сум со одлуката. Куман е нашиот тренер и ние сме горди што го имаме“, заврши претседателот.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе