Лавиците го донесоа дома: Англија е европски фудбалски шампион

Она што лани не им успеа на фудбалерите го направија фудбалерките на Англија: за прв пат нивната репрезентација стана европски шампион откако во синоќешното финале на лондонски „Вембли“ ја совладаа Германија со 2:1 по продолженија.

Ела Тун ја доведе Англија во водство во 62. минута со силен удар пред Германката Лина Магул да израмни од непосредна близина 17 минути подоцна.

Победникот беше решен во 110. минута кога Клои Кели најбрзо реагираше на една одбиена топка и погоди за големото славје на Англичанките и речиси 88.000 гледачи на преполниот „Вембли“.

Remote video URL

Попрецизно, на стадионот имаше вкупно 87.192 гледачи, што е и рекордна посетеност кога се во прашање натпреварите од европските првенства за фудбалерки.

URL

Англија конечно ја освои титулата во своето трето финале, додека Германците го забележаа само првиот пораз во своето деветто финале.

Многумина сметаат дека фаворизираните Германки загубија затоа што нивната најдобра играчка Александра Поп се повреди на загревањето пред натпреварот.

„Лавиците“, како што гласи прекарот на женската фудбалска репрезентација на Англија, по натпреварот ја запеаја популарната англиска навивачка песна „Football is coming home“ која масовно се пееше во Англија и минатото лето, но тогаш нивните машки колеги потклекнаа во финалето против Италија.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе