Легендарниот УФЦ борач Стефан Бонар ненадејно почина на 45 години

Легендарниот УФЦ борец и член на Куќата на славните на најголемата ММА организација, Стефан Бонар, ненадејно почина на 45-годишна возраст.

Бонар, кој е еден од најважните борци за подемот на УФЦ, имаше скор од 15-9 во текот на кариерата, но беше примен во Куќата на славните во 2013 година за сè што покажа во октагонот.

Како што пренесуваат американските медиуми, Бонар починал на работа од компликации на срцето.

Во ММА се бореше од 2001 до 2014 година, кога реши да ја заврши кариерата по два последователни порази. Во текот на кариерата се бореше и против великани како Џон Џонс, Андерсон Силва и Марк Колман, а најмногу ќе остане запаметен по борбата во финалето на првото издание на The Ultimate Fighter против Форест Грифин, иако беше поразен.

Remote video URL

Бонар и Грифин потоа ја организираа, како што ја нарече Дејна Вајт, „најважната борба во историјата на УФЦ“, бидејќи тоа беше првпат УФЦ да се емитува во живо на јавно достапен ТВ-канал.

УФЦ беше на работ на колапс и беше продаден во пресрет на тој меч, а Бонар и Грифин изведоа една од најдобрите борби во историјата на УФЦ и ѝ заработија на компанијата милиони нови фанови. Грифин победи со едногласна одлука по три рунди, но УФЦ одлучи да ги награди двајцата борачи со договори.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Останати спортови

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more
 

Спорт

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе