Легендарното Porsche 917K од филмот „Le Mans“ оди на аукција

Освен холивудски камери, овој примерок има видено и вистински трки и се проценува на најмалку 16 милиони долари.

За вистинските љубители на автомобили и мотоспортови, Porsche 917K нема потреба да се претставува. Своевремено, овој модел ги подигна дизајнот, инженерството и перформансите на целосно ново ниво и се покажа како доминантен во текот на три сезони на трките на Светското првенство.

Со 12 цилиндри во моторот што со воздушно ладење, развива максимална брзина поголема од 370 км/ч.

Овој примерок е еден од неколкуте автомобили што се користеа за време на снимањето на филмот „Le Mans“ (1971) со Стив Меквин, еден од најпознатите светски актери во втората половина на 20 век и голем љубител на спортски автомобили и трки со автомобили.

Со своите препознатливи сино-портокалови Gulf бои, Porsche 917К неодамна се појави во понудата на класични автомобили од аукциската куќа RM Sotheby’s.

Освен холивудски камери, овој примерок има видено и вистински трки - се натпреваруваше во 1970 година на „24 часа Ле Ман“, а потоа и на европското првенство InterSerie, откако беше редизајниран како 917 Spider, според придружниот материјал на аукциската куќа.

По „пензионирањето“ во 1974 година, новиот сопственик го врати на оригиналните Le mans спецификации, со оригиналниот тркачки број - 22.

Патем, ова не е првиот примерок ставен на аукција. Пред неколку години, второто Porsche 917 од филмот „Le Mans“ достигна цена од 14 милиони долари, што го прави најскапото Porsche досега.

Ќе биде интересно да се види колку ќе продаде овој автомобил. Од Sotheby’s проценуваат дека може да достигне сума помеѓу 16 и 18,5 милиони долари.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе