НБА 2020/21

Лејкерс без Леброн и Дејвис немоќен против Клиперс

Актуелниот шампион втор пат сезонава загуби од лутиот градски ривал кој ги искористи отсуствата кај Лејкерс и забележа убедлив триумф.

Лос Анџелес Клиперс од самиот почеток го зеде водството кое само го зголемуваше, во три наврата имаше +11 во првата четвртина која на крајот ја доби со 27:20.

Немоќниот Лејкерс ги загуби и втората и третата (26:18 и 24:17), а успеа да ја добие само последната четвртина (27:31) колку да го ублажи поразот кој на крајот на семафорот гласеше 104:86.

Доста ослабен беше шампионот на оваа дерби средба со оглед на тоа што Ентони Дејвис беше во аут поради повреда на ахиловата тетива, Леброн Џејмс има повреда на зглобот, а не беа во комбинација ниту Џеред Дадли и новодојдениот Андре Драмонд.

Најефикасен на паркетот беше Маркус Морис со 22 поена, додека дабл-дабл забележа Каваи Ленард со 19 поени и 10 асистенции, а за трипл-дабл му недостасуваа само две асистенции. Кај шампионот најмногу поени постигна Монтрез Харел, 19.

Клиперс сега има скор од 33-18 и е на третото место на Западот зад Феникс Санс и лидерот Јута Џез, додека Лејкерс има 31-19 и е петти. Ова беше четврто градско дерби сезонава, а скорот е 2-2 откако Лејкерс победи на првите две средби.

Резултати:
Чикаго Булс - Бруклин Нетс 115:107
Лос Анџелес Клиперс - Лос Анџелес Лејкерс 104:86
Бостон Селтикс - Шарлот Хорнетс 116:86
Филаделфија 76ерс - Мемфис Гризлис 100:116
Атланта Хокс - Голден Стејт Вориорс 117:111
Хјустон Рокитс - Њу Орлеанс Пеликанс 115:122
Денвер Нагетс - Орландо Меџик 119:109

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Кошарка

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Read more

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе