ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Лестер го среди Челси, Лампард пред отказ, криви му се играчите

„Сините“ го претрпеа шестиот пораз синоќа откако загубија на гостувањето кај Лестер со 2:0, пораз кој може да биде кобен за тренерот Френк Лампард.

Домаќините уште по шест минути игра ја најавија победата кога Вилфрид Ндиди го отвори резултатот откако налета на еден отпадок и со помош на стативата ја затресе мрежата на немоќниот Едуард Менди.

На четири минути пред паузата Џејмс Медисон го дуплираше водството откако доби една длабочинска топка од Марк Олбрајтон. Претходно, Медисон имаше и одлична шанса кога со убав шут ја затресе пречката.

Remote video URL

Ова е 12-та победа за Лестер сезонава со која барем до вечер ќе биде на чело на табелата, а ќе очекува кикс на тимовите од Манчестер, Сити и Јунајтед.

Затоа, пак, во небрано е Френк Лампард чија иднина во Челси е и тоа како неизвесна. Вестите од Островот говореа дека пораз од Лестер ќе значи отказ, па останува да видиме дали Роман Абрамович ќе се реши дека е време за разделба.

„Ја прифатив оваа работа знаејќи дека ќе имам тешки моменти бидејќи овој клуб не е подготвен да се носи со големите. Имавме забрана за трансфери, имаме млади играчи, имаме нови играчи, играчи кои се желни да влезат во форма и да се прилагодат на овој тим“, рече Лампард на прес-конференцијата по натпреварот синоќа.

Но, потоа прстот го впери кон играчите обвинувајќи дека дел од нив не играат како што тој очекува.

„Има играчи кои не играат онака како што треба да играат. Јас бев играч и знам дека тие се единствените кои можат да се справат со тоа. Генералниот заклучок од нашиот настап е дека бевме бавни, се влечевме, како да немавме желба да трчаме, а тоа доаѓа поради недостиг на самодоверба. Нѐ победи подобар тим“, рече тој.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе