Левандовски му честита на Меси за Златната топка и им се заблагодари на сите

Полскиот фудбалер Роберт Левандовски не доби Златна топка, Лео Меси по седми пат во кариерата ја освои наградата. По доделувањето, Левандовски, кој заврши на второто место, објави соопштение во кое им се заблагодари на сите важни луѓе во неговиот живот.

Иако многумина очекуваа дека Левандовски ќе ја добие Златната топка, сепак по седми, историски пат таа заврши во рацете на Лео Меси. Левандовски доби награда за најдобар напаѓач во светот, а преку Instagram испрати порака и му честита на Меси.

„За почеток, сакам да му честитам на Лео Меси за освојувањето на Златната топка. Сакам да му се заблагодарам на секој новинар кој гласаше за мене и кој смета дека моите достигнувања во 2021 беа важни. Ја освоив наградата за најдобар напаѓач на годината и ниту еден играч не може да освои индивидуална награда без силен тим и лојални поддржувачи зад себе“, порача Левандовски.

Напаѓачот на Баерн нагласи дека за сè е најважно семејството и дека од таму црпи сила и инспирација.

„Сакам да му се заблагодарам на мојот Баерн поради можностите да успеам да ги исполнам моите соништа. Им благодарам на сите соиграчи од репрезентацијата на Полска и од Баерн. Исто така, им благодарам и на навивачите кои ме поддржуваа секој ден и тоа многу ми помогна, и што е најважно, големо благодарам за моето семејство. Ти благодарам, мамо, ти благодарам Ана - ти си љубовта на мојот живот и мојот најдобар пријател. Благодарност и до мојата сестра Милена и на сите пријатели и менаџери за континуираната поддршка, фондација на моите успеси. Ви благодарам“, порача Левандовски.

Лео Месо, по добивањето на наградата, изјави дека Левандовски ја заслужи Златната топка.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Robert Lewandowski (@_rl9)

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Robert Lewandowski (@_rl9)

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе