Левандовски на заминување им даде ист подарок на сите во Баерн

Роберт Левандовски претходните два дена ги помина во Минхен каде се прости од поранешните соиграчи и од вработените во Баерн.

33-годишниот полски напаѓач кариерата ја продолжува во Барселона.

Левандовски не дојде со празни раце на збогувањето од соиграчите во Минхен. Сите во клубот од него добија шампањ Armand de Brignac што чини околу 300 евра, а покрај тоа, сите го добија неговиот потпис со фотографии направени во изминатите осум години кои ги помина во најголемиот германски клуб.

„Беше тажно, но сега можам да продолжам со чисто срце. Секогаш ќе бидам благодарен за она што го стекнав и доживеав овде. Им се заблагодарив на сите за она што го направија за мене и им дадов подароци. Тоа беше емотивен и тежок момент за мене“, изјави Левандовски.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Robert Lewandowski (@_rl9)

На разделбата тој се смири со спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ. Постигнат е договор повеќе да не се прозиваат преку медиумите. Претходните денови Салихамиџиќ јавно кажа дека однесувањето на Левандовски е дно откако Полјакот побара трансфер.

„Сè е во ред. Разговарав со сите и им се заблагодарив за сè“, изјави Левандовски за разговорот со Салихамиџиќ.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе