Левица: Пендаровски да одговори зошто две години нема закон за македонски јазик

Претседателот Стево Пендаровски, со својата вчерашна изјава дека бугаризацијата е измислена од опозицијата, повторно потврди дека е нем набљудувач и соучесник во уништувачките процеси на македонската нација и идентитет, обвини политичката партија Левица.

„За еден претседател недозволиви се вакви неумесни изјави, кој треба да биде свесен дека култивирањето и грижата за националниот идентитет е континуиран процес, додека ја банализира опасноста од засилените иредентистички тенденции од внатрешните и надворешните политички субјекти. Пендаровски нема одговор зошто две години криминалната коалиција од СДС и ДУИ нема политичка волја да го усвои новиот Закон за македонски јазик“, велат од Левица.

Со измените на овој закон, се предвидува вработување лектори во сите институции во државата, отворање лекторати во странство, електронска база на сите научни истражувања за македонскиот јазик и формирање инспекторат како посебна институција.

„Дали шовинизмот на ДУИ и нивната сепаратистичка тенденција е причината за блокирањето на овој закон, со оглед на фактот дека со предлог-законот се регулира и прашањето на употребата на македонскиот јазик во однос на Законот за јазици, што значи дека македонскиот е прв службен јазик“, прашуваат од парламентарната партија кои во Собранието е застапена со два пратеника.

Повод за ваквото прашање до претседателот на државата од страна на Левица е сѐ послабиот интерес на студентите кои се запишуваат на катедрите по македонски јазик на државните факултети, а причина за тоа е нерегулираниот статус на идните македонисти, односно немањето работни места.

„Сведоци сме дека милионски суми се издвојуваат за Инспекторатот за употреба на јазиците каде директорува ДУИ, додека во општините со кои раководи ДУИ секојдневно сведочиме целосна деградација и понижување на македонскиот јазик. Негрижата за македонскиот јазик, фрлањето на Институтот за македонски јазик во длабока сенка, нерешениот статус на дипломираните македонисти наназад со години доведе до ситуација на катедрата за Македонски јазик да се запишуваат одвај по десетина студенти. Оттука, недонесувањето на Законот за употреба на македонскиот јазик, свесното урнисување на Катедрата за македонски јазик и затворањето на сѐ поголем број лекторати низ светот не може да се толкува никако поинаку, освен како чин на уште едно велепредавство на пробугарската власт!“, стои во соопштението на Левица.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе