Лидс му понуди нов договор на Алиоски

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски има понуда од премиерлигашот Лидс да потпише продолжување на договорот што му истекува ова лето, јави синоќа британскиот сервис BBC.

Алиоски дојде во Лидс од редовите на швајцарски Лугано во 2019 година, а во првата сезона на клубот од Јоркшир, во Премиер лигата, по пауза од 16 години, одигра 29 натпревари и постигна два гола.

Македонскиот репрезентативец го засили Лидс како крилен напаѓач, но, под водство на тренерот Марсело Биелса најчесто играше на левата бековска позиција.

Според британските медиуми, доколку Алиоски остане во клубот, Биелса повторно би сметал на него како крилен напаѓач, бидејќи Лидс во летниот преоден рок ќе настојува да се засили со класичен лев бек.

Лидс на таа позиција ќе се обиде да го донесе дефанзивецот на францускиот прволигаш Брест, Ромејн Перуд.

Турските медиуми неодамна објавија дека интерес за Алиоски покажува и екипата на Галатасарај.

URL
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе