СЕРИЈА А 2020/21

Лукаку: За Конте би се борел до смрт

Белгискиот колос си ја спаси кариерата со доаѓањето во Интер, а токму на тренерот Антонио Конте му е најблагодарен и за него би сторил буквално сѐ.

Летото 2019 година Ромелу Лукаку го напушти Манчестер Јунајтед по само двегодишен престој и пристигна во Интер на барање на Антонио Конте. Просечните игри во црвениот дрес Белгиецот веднаш ги остави зад себе етаблирајќи се како расен голгетер во Серија А.

„За Конте би се борел до смрт. Не можев да му се придружам во Челси, но секогаш велев дека ќе играм за него кога ќе го напуштам Манчестер Јунајтед“, вели Лукаку за La Tribune.

Во Интер Лукаку веднаш покажа друго лице од она под кое стана препознатлив во Манчестер. Открива дека за тоа е заслуже еден совет од италијанскиот стратег.

„Конте многу отворено ми кажа: 'Доколку не работиш на тренинзите - нема да играш. Есенцијално е да знаеш како да играш и кога си завртен со грб кон голот'. Многу е важно да запознаете луѓе кои ќе ви ја говорат апсолутната вистина за да ви помогнат да се подобрите“, додаде напаѓачот со потекло од Конго ДР.

Викендов Интер стана шампион на Серија А, а за Лукаку ова е само втор трофеј во кариерата откако пред 11 години стана шампион на Белгија со Андерлехт.

„Помислив дека ќе биде или сега или никогаш. Во кариерата можете да постигнете и 500 голови, но доколку на крајот не победите бадијала ви е сѐ. Ланската сезона беше исто така добра, но оваа е најдобрата во мојата кариера. Преубаво е и се надевам дека вака ќе продолжиме. Сакам на сите да им се заблагодарам, навистина сум пресреќен“, заврши тој.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе