Мачка-чувар
Домашните миленици можат да бидат идеални чувари на децата, особено кога се мали и многу љубопитни. Во ова интересно видео ќе видите пресладок пример на мачка-чувар.
Секој пат кога детето ќе се обиде да се качи на оградата, мачката со нежни допири не му го дозволува тоа. Ќе забележите дека детето е прилично упорно, но исто е и мачката која со своето тело му го блокира патот.
Видеото, снимено во градот Букараманга, Колумбија ги одушеви луѓето на социјалните мрежи.