Македонија заврши 17-та на ЕУРО, познати можните противници за мундијалскиот бараж

Македонската ракометна репрезентација се пласираше на 17-тото место од 24 екипи на Европското првентсво кое се одржува во Германија.

Фото: РФМ

Како трета во својата група, со 2 освоени бода, Македонија во генералниот пласман е пред шесте четвртопласирани репрезентации плус Грузија, која исто така со 2 бода заврши трета во својата група, но има послаба гол-разлика од нас и тоа за само еден гол. По 2 бода имаат и Полска, Чешка и Црна Горан, но тие се пред нас поради подобрата гол-разлика.

13. Шпанија 3 (+2)
14. Црна Гора 2 (-2)
15. Чешка 2 (-3)
16. Полска 2 (-14)
17. Македонија 2 (-17)
18. Грузија 2 (-18)
19. Србија 1 (-2)
20. Фарски Острови 1 (-7)
21. Швајцарија 1 (-15)
22. Романија 0 (-25)
23. Грција 0 (-28)
24. Босна и Херцеговина 0 (-28)

Со комплетирањето на групната фаза се разоткри и изгледот на барабаните за жрепката за баражите за пласман на Мундијалот 2025. Благодарение на освоеното трето место во групата, до кое дојдовме со победата над Швајцарија од 29:27, Македонија ќе биде во привилегираниот барабан со носители и ќе добие послабо рангиран противник. Токму тој еден гол подобра гол-разлика со Грузија се покажа клучен во пласманот во барабаните бидејќи Македонија е најслабо рангирана во барабанот со носители, а Грузија е најдобро рангирана во послабиот барабан.

Носители:
  • Шпанија
  • Црна Гора
  • Чешка
  • Полска
  • Македонија
  • + уште 6 од ЕУРО 2024
Неносители:
  • Грузија
  • Србија
  • Фарски Острови
  • Швајцарија
  • Романија
  • Грција
  • Босна и Херцеговина
  • Белгија/Италија
  • Естонија/Украина
  • Финска/Литванија
  • Словачка/Израел/Луксембург

Вкупно 11 репрезентации ќе се пласираат на Мундијалот преку европските баражи, кои треба да се играат во мај. Во март ќе бидат познати последните 4 квалификанти во барабанот со неносители откако ќе се одиграат последните квалификациски натпревари од фазата 2. Денеска и утре Израел и Луксембург играат меѓу себе во последниот натпревар од квалификациската фаза 1.

Преостанатите натпревари од квалификациите:

Фаза 1

17/18 јануари

Луксембург - Израел

Фаза 2

13/16 март

Белгија - Италија
Естонија - Украина
Финска - Литванија
Словачка - Израел/Луксембург

Мундијалот 2025 ќе се игра од 14 јануари до 2 февруари во Хрватска, Данска и Норвешка. Досега пласирани се трите земји домаќини, актуелниот светски шампион Франција, како и САД кој со вајлд-карта доби шанса поради развој на тамошниот ракомет со оглед на тоа што во 2028 ќе биде домаќин на ЛОИ во Лос Анџелес.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе