Македонскиот бренд Лудус ја освои Љубљанската модна недела

МИА/КАЈГАНА
/ 15.10.2020 / 09:54

Македонскиот моден бренд Лудус ја доби наградата .„WOW Show“ на Љубљанската модна недела минатиот викенд.

Љубљанската модна недела сезонава се оддржа во посебни услови диктирани од пандемијата, а 10-те дена беа полни со дигитални, ревијални и инсталациски презентации на модните дизајнери од Словенија и регионот. Модната манифестација се затвори на 10 октомври  со доделување на наградите за најдобрите презентации и колекции.

Лудус (LUDUS) беше поканет да учествува во делот на модните филмови на дизајнерите кои поради пандемијата беа спречени да бидат присутни на овогодишното издание. Промоцијата се случи на 5 и 6 октомври во МАО – Музејот за архитектура и дизајн на Словенија.

Лудус ја претстави последната колекција „Реквием: Пост-родовост III“ со видео каталог изработен од видеографот Мирослав Илиќ, со моделите Ивана Манасиевска (Моделс Ин) и Стефан Китановиќ и шминка и фризура на Мартина Ивановска.

 

REQUIEM: POST GENDER CHAPTER III

REQUIEM: POST GENDER CHAPTER III spring-summer 2021 Videography Miroslav Ilić Hair & make up Martina Ivanovska Models Ivana Models In , Steffen Anat Music Eugenio Mininni - Feedback Dreams Assistance Ivana Sekuloska, Stefan Kitanovik, Nikola Shindre All clothes LUDUS

Posted by LUDUS on Tuesday, October 6, 2020

Колекцијата е трет дел од низата колекции насловени „Пост-родовост“ и ја застапува темата на родова еднаквост и футуристичката визија за елиминирање на родовите и родовите улоги, а овој пат е истовремено и обид на авторот Драган Христов за омаж на западната цивилизација и култура и говори за нејзината деклинација во нашите „анти-интелектуални“ времиња. Присутни се очигледни визуелни референци од античките и класицистичките историски костими што се адаптирани во современ производ без трендовски ознаки.

Лудус е застапен на странскиот пазар преку продажбата од сопствениот сајт ludus.com.mk, неколку интернет продавници во Европа, Англија и САД, како и концептуалната продавница „Пентља“ во Љубљана, долгогодишен застапник на колекциите на Лудус каде може да се најде и оваа колекција.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Стил

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Read more

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more
 

Магазин

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Читај повеќе

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Читај повеќе

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Читај повеќе

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Читај повеќе
  • play_arrow

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Читај повеќе

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе